Утрински Весник
Македонија

Фондацијата за култура и спорт од Куманово лани организирала над 70 културни настани

Фондацијата за култура и спорт од Куманово лани организирала над 70 културни настани
Screenshot

Куманово, 14 март 2020 (МИА) – Над 70 културни манифестации се одржале лани во Куманово, а ги посетиле близу 10 илјади луѓе, вклучувајќи ги и оние кои присуствувале на мега концертите. За овие манифестации биле издвоени околу 12 милиони денари – 700 илјади од Општината, а останатите биле обезбедени од Министерството за култура и од бизнис заедницата, информираа надлежните од Фондацијата за култура и спорт на последната седница на Советот на Општината.

Расправата по извештајот траеше повеќе од час и половина.

Whatsapp Image 2024 05 16 At 11.05.40 (1)

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски реагираше на забелешките на советникот Осама Муадини дека не се поддржуваат настани на етнички заедници, истакнувајќи дека во Куманово отсекогаш, особено минатата година имало бројни настани на кои учествувале уметници, креативци од сите заедници од „Гитаријада“ до настаните по повод пет века Куманово, до мега концертите на кои преку осум илјади млади од Куманово од сите етнички заедници ги следеле.

Советниците од опозициската ВМРО ДПМНЕ реагираа дека Фондацијата не треба да го содржи зборот спорт, бидејќи ниту еден настан од спортот не бил поддржан. Ги пофалија бројните настани, но реагираа дека голем број се организирани од страна на невладини организации, а Фондацијата, како што велат, ги става како свои во извештајот. Координаторот на советничката група, Драган Петковски, побара средства за одбележување на 2 август и 23 декември.

Директорот на Фондацијата за култура и спорт, Нино Величковски рече дека се организирани бројни настани, побара советниците да размислаат да наплаќаат за издавање на салата на Занаетчискиот дом, бидејќи мора да се плаќаат и трошоци за одржување и информираше дека бизнис заедницата од Липково до Струмица помогнала за одржување на бројни културни настани во Куманово, по повод прославата за пет века постоење на Куманово. ам/мс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ОЈО Велес побара, а судот прифати притвор за лицето кое со кујнски нож му се заканило на својот татко дека ќе го убие

Маричиќ – Бомгартнер: Поддршката од Франција за евроинтеграцијата на државата е цврста заложба за продолжување на процесот

Еко-свест испрати писмо со предлози до новата Влада за заштита на животната средина