Утрински Весник
Македонија

Од кафуле во Велес по 18 часот украдени двоседи и клуб масички

Од кафуле во Велес по 18 часот украдени двоседи и клуб масички

Велес  14 март 2020 (МИА) – Во Велес во периодот од 18 часот вчера до 09.30 часот денеска од тераса на кафуле на ул.„Благој Ѓорев“ биле украдени два двоседа и три клуб масички, информира Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес

Посочи дека бил извршен увид од екипа од СВР Велес и се работи на расчистување на случајот.

Кражбата се случила во временски интервал по 18 часот, а на вториот ден откако Владата донесе одлука за скратено работно време на кафетериите и рестораните до 18 часот, во рамки на дополнителните мерки за заштита од коронавирусот. ад/рп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Промовирана иницијативата за зачувување, обновување и одржлив развој на Галичник

30 дневен притвор за Илчо Горѓиоски, пет лица во бегство

Кривична пријава против директор на детска градинка во Штип, го оштетил буџетот за над 120.000 евра