Утрински Весник
Македонија

Мораториум на сите активности на политичките партии до 22 март

Мораториум на сите активности на политичките партии до 22 март
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Скопје, 14 март 2020 (МИА) – Премиерот Оливер Спасовски денеска на прес-конференција соопшти дека утрово разговарал со лидерите на политичките партии и дека до 22 март ќе има мораториум на сите активности имајќи ги предвид претстојните избори закажани за 12 април.

– Утрово искомуницирав со сите претседатели на партии и ме информираа дека се ставени во мораториуми сите активности на политичките партии, и тоа е добра порака дека за сите нас здравјето на грашаните и поважно од што било друго. Тоа ќе трае до 22 март, изјави на прес-конференција Спасовски.

Како што кажа, тој разговарал со лидерите на СДСМ Зоран Заев, на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, на ДУИ Али Ахмети, на Алијансата на Албанците Зијдаин Села, на Беса Биљал Касами…

Според Спасовски, најсилната порака до граѓаните во овој момент треба да ја пратат политичките субјекти. ев/са/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Магла на патните правци Дебар – Струга, Куманово – Крива Паланка и Велес – Катланово

СДСМ: ДПМНЕ пак дели тендери, фирмата на Нефи дел од колачот вреден 3 милиони евра

Дедо Мраз и супер херои од цртаните филмови им поделија пакетчиња на хоспитализираните на Детската клиника