Утрински Весник
Македонија

Патникот од Германија негативен на коронавирус, нема нови пациенти на Клиниката за инфективни болести

МЗ: Сите денеска тестирани негативни на коронавирус

Скопје, 13 февруари 2020 (МИА) – Патникот кој денеска со авион пристигна од Германија беше тестиран и е негативен на коронавирусот. Патниците кои седеле во негова близина во авионот, а кои беа задржани во изолација на аеродромот во Скопје, се пуштени дома со препораки за задолжително придржување кон мерките и препораките, кои важат за сите патници кои пристигнуваат во земјата, соопшти вечерва
Министерството за здравство.

Оттаму информираат дека во текот на денов, согласно одлуката на Владата, од два патнички авиона на скопскиот аеродром пристигнати од ризични земји беа вратени вкупно 26 странски државјани.

– Во меѓувреме попладнево, на коронавирус се тестирани уште осум пациенти меѓукои и една медицинска сестра со индикации на болест од Клиниката за инфективни болести и фебрилни сосојби. Сите тестови се негативни на вирусот, се вели во соопштението.

Четворицата пациенти од Дебар позитивни на вирусот, се уште се во Дебар во стабилна состојба и утре ќе бидат донесени во Скопје и хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби. мд/бк/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Мавровско Езеро порибено со 400 килограми риба, воведена двомесечна забрана за лов на крап

Јаневска: Обвинувањата на СДСМ за условите во „Стив Наумов“ не се точни, студентите живеат во еден од најубавите и најмодерни домови на Балканот

Врховниот суд ги укина пресудите за пожарот во тетовската модуларна болница