Утрински Весник
Македонија

Друштвени игри, предлози за средување на гардероберот, неготинка со препораки за „Седи си дома“ поради коронавирус 

Друштвени игри, предлози за средување на гардероберот, неготинка со препораки за „Седи си дома“ поради коронавирус 

 

Неготино, 13 март 2020 (МИА) – Друштвени игри, бесплатни линкови за читање книги и онлајн курсеви, предлози за средување на гардероберот и се што би можело некој да прави во домашни услови. Сето ова е дел од препораките за „Седи си дома“ на младата неготинка Елена Ташева, со цел превентивно да се влијае врз справувањето со коронавирус.

– Читајќи ги сите објави на фејсбук на моите пријатели и познаници во кои се пишува како седењето дома е досадно и непродуктивно, како кај помладите, така и кај оние со деца, ме инспирираше да нафрлам неколку идеи што ние деновиве ќе ги реализираме низ дома. Целта на овој „илустративен прирачник“, ако може така да се нарече, ми беше барем малку да ги инспирирам оние кои немаат никаква идеја и се досадуваат низ дома, појаснува Ташева која е магистер на науки.

Таа нагласува дека ова не е нешто невидено или ново, но е склоп на интересни активности кои, како што вели, ќе ни помогнат да ги поминеме деновите на самоизолација што доаѓаат периодов.

– Сите сме сега на социјалните мрежи, па најлесно беше моите препораки да ги објавам таму. Линковите ќе се надополнат во текот на денот. Воедно, ова е само уште еден потсетник за нас, луѓето, дека секогаш ситуацијата треба да ја гледаме од друга перспектива и да бидеме креативни. Особено во дигиталната ера – кога со еден клик на интернет, ќе најдеме безброј идеи. Воедно, сите овие наведени активности јас ги гледам како квалитетно време поминато со семјеството – токму она што секогаш се жалиме дека ни недостига. Оттаму, овие идеи се за оние кои се досадуваат. За другите – се радувам што разумно си го користат времето по дома. Да бидеме одговорни, порачува таа во изјава за МИА.

Ташева работи во Скопје, а поради новонастанатата ситуација со коронавирус, а и поради тоа што нејзината работа го дозволува тоа, во моментов работните обврски ги извршува во домашни услови. свд/мс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Скопје никако да се спаси од загадувањето, повторно во топ 10 најзагадени градови во светот!

Д-р Јовановски на подкаст ЗРАК: Има различни методи на реконструкција по мастектомија

Кузмановска: Хема – Онко нуди поддршка за лицата заболени од канцер