Утрински Весник
Македонија

Кризна состојба во Дебар и Центар Жупа, нови четири случаи позитивни на коронавирусот

МЗ: Сите денеска тестирани негативни на коронавирус

Скопје, 13 март 2020 (МИА) – Кризна состојба е прогласена во Дебар и Центар Жупа откако има уште четири потврдени случаи на коронавирусот од овие региони, информира попладнево министерот за здравство Венко Филипче.

На прес-конференцијата во Владата, Филипче рече дека сите пациенти кај кои е потврден вирусот се стабилни освен пациентката од брачниот пар од Дебар кај кои првично беше потврден вирусот. Кај неа состојбата е влошена и доколку биде потребно ќе биде приклучена на апарат за вентилација.

На Клиниката за инфективни болести има вкупно девет пациенти, а првозаболената чии резултати се негативни ќе биде пуштена на домашно лекување.

Од деветте пациенти една е од Скопје, и седум се од Дебар, од кои двајцата се брачниот пар, пет што дојдоа дополнително и четворицата од денеска.

Во изолација од првата група од 21 лица кои се сопатниците и досега кај нив нема симптоми, од втората група во изолација од 24 лица, 10 покажале симптоми, и четири се хоспитализирани.

Има сомнителен уште еден пациент кој е стигнат преку скопскиот аеродром од Германија и кај имал лесна покачена температура. – Тој е изолиран како и пациентите кои биле околу него, рече Филипче. бак/скс/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Петрушевски: Поднесените амандмани се популистички

Општина Струмица ѝ предаде објект на Фондацијата „Елеуса“

Никој не го отворил прашањето дека може без Албанците, вели Меџити за изјавата на Ахмети од Швајцарија