Утрински Весник
Економија

Сугарески: Регионалниот пат Прилеп-Битола идната недела ќе биде пуштен во сообраќај

Сугарески: Регионалниот пат Прилеп-Битола идната недела ќе биде пуштен во сообраќај

Прилеп, 13 март 2020 (МИА) – Наредната недела се очекува да се пушти во сообраќај регионалниот пат Прилеп-Битола, во делот кај индустриската зона каде се гради клучката со придружната патна инфраструктура. Ова го изјави министерот за транспорт и врски Горан Сугарески кој со директорот на ТИРЗ Александар Стојановски денеска беше на увид на работите со асфалтирањето на приклучоците на клучката која е во завршна фаза.

– Динамиката на активностите тече, се асфалтира и очекуваме во најбрз временски рок, веќе од наредната недела, овој дел на патниот правец Прилеп-Битола да биде пуштен во сообраќај. Ова е исклучително важен дел кој се прави за развој на локалната економија, па и за целиот Пелагониски регион, изјави Сугарески.

Според директорот на ТИРЗ Александар Стојановски, изградбата на клучката која со придружните елементи е инвестиција од околу четири милиони евра, е во завршна фаза, а неколкумесечното доцнење е од објективни причини.

-Моментално се асфалтираат приклучоците на клучката, која е во завршна фаза на изградба за да може да го оспособиме и да го пуштиме во сообраќај регионалниот пат Прилеп-Битола. Како што течат изведбените работи, набрзо во целост треба да биде готова и клучката. Сѐ зависи од временските услови, но рабоите се при крај. Доцнењето на работите од шест месеци е од објективни причини: дислокација на кабелот со ЕВН и од други непредвидени, објективни причини. Изградбата на клучката кај технолошко-развојната зона Алинци е инвестиција од 254 милиона денари или околу четири милиона евра. Инаку, овде при крај е изведбата на водоводот, а во внатрешната инфраструктура на Зоната се инвестирани дополнителни 50-ина милиони денари, објасни Стојановски.

Сугаревски нагласи сека овој месец градежните работи во Пелагонискп-прилепски регион е во голема офанзива. Се работи на повеќе патни правци.

-Се работи и на реконструкцијата на делницата Фариш-Дреново на патот Градско-Прилеп и очекуваме тој дел доколку временските услови дозволат, веќе во наредната недела да заврши гребењето на стариот и да почне асфалтирањето со нов слој асфалт на тие 10-ина километри. Го очекуваме распишувањето на тендерот за делницата од Фариш до Прилеп во должина од 19 километри. За останатите четири километри од оваа делница ќе има проектирање со две ленти и патот ќе се проширува со уште една, рече Сугарески.

Интензивно, рече, се работи и на гребењето на стариот асфалт за да се стави нов на патиниот правец до Витолиште, Мариово. Продолжуваат работите и на регионалниот пат од Битола, преку Тополчани до Прилеп, а ќе се асфалтира и регионалниот пат Кадино Село-Галичани. Освен тоа, за локалните патишта и улици во Прилеп, од Министерството се определени еден милион и 250 000 евра. Што се однесува до комуналната инфраструктура, дел проекти се завршени, а сега преку Министерството ќе се работи на пречистителна станица за Мало Коњари.

-Очекуваме и оваа година да бидат активностите на високо ниво, како и лани кога капиталните инвестиции беа на високо ниво од 85 проценти. Инаку, сите овие градежни активности се во согласност на предвидените планови, нагласи Сугарески. ем/вг/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Денови на финансиска писменост – 24info.mk

Продолжува амандманската расправа за Предлог-буџетот за идната година

Тему достапна и во Македонија, ниски цени и бесплатна достава, квалитетот дискутабилен