Утрински Весник
Македонија

Заврши рокот за поднесување кандидатски листи за изборите на 12 април

Заврши рокот за поднесување кандидатски листи за изборите на 12 април

Скопје, 13 март 2020 (МИА) – До Државната изборна комисија  (ДИК) до ноќеска на полноќ кандидатски листи за предвремените парламентарни избори на 12 април поднесоа коалицијата предводена од СДСМ и Беса, коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, Левица, Интегра, СДУ, Работничката партија, ГДУ, Глас за Македонија, партијата Демократи, новата партија Твоја, коалицијата „Никогаш Северна само Македонија“…

Се очекува ДИК денеска да соопшти колку коалиции и партии поднеле кандидатски листи и за колку изборни единици, како и дали и како ќе се организира гласање во дијаспората. Во однос на гласањето од странство тоа зависи од бројот на прифатени пријави и состојбата со Ковид-19.

Најголем дел од коалициите и политичките партии, спорерд најавите од нивните штабови, поднеле кандидатски листи за сите изборни единици, вклучувајќи ја и дијаспората.

По поднесувањето на кандидатските листи ДИК проверува дали тие се доставени во предвидениот рок и дали се составени согласно Изборниот законик. Кандидатските листи што ќе бидат доставени по рокот ќе бидат отфрлени.

ДИК исто така проверува дали предложените кандидати ги исполнуваат условите пропишани во Уставот и во член 7 став 2, 3 и 4 од Изборниот законик, преку соодветните регистри и евиденции на надлежните институции. Овие институции се должни во рок од 24 часа електронски до ДИК да ги достават бараните податоци за кандидатите. Ова е новина за Комисијата, која се воведе со последните измени на Изборниот законик.

Доколку се констатира дека листите се во согласност со одредбите од Изборниот законик, тие се потврдуваат најдоцна 48 часа од приемот на бараната документација од институциите.

ДИК има пропишано и рокови за остранување на евентуални неправилности или замена на кандидати доколку тоа е потребно. Листите што ќе бидат поднесени по рокот ќе бидат отфрлени.

Редоследот на листите на партиите и коалициите на избирачкото ливче се утврдува со ждрепка и тој број е ист во сите изборни единици. Жрепката треба да се одржи најдоцна до 20 март, а листите треба да бидат официјално објавени на 21 март.

Изборната кампања започнува на 23 март, а завршува на 10 април на полноќ.

Коалициите предводени од најголемкте партии убедени во победа, кампањата допрва ќе се менува согласно мерките поради Ковид-19

Дамјан Манчевски од СДСМ и Аријанит Хоџа од Беса синоќа по доставувањето на кандидатските листи истакнаа дека очекуваат оваа најмногубројна и најразнолика коалиција „Можеме“ да победи на претстојните избори.

– На оваа листа се 120 имиња одговорни граѓани, кои ја сакаат својата земја и кои се спремни да направат се за своите граѓани, да се вложат себеси со професионална работа во независен парламент. Ова е најгоелмата коалиција во моментот составена од различни политички партии кои се обединети околу она што е важно за граѓаните, иднината за државата, како што се, пред се, членството во НАТО и ЕУ,  економскиот раст, поголеми плати и пензии, грижа за сите, правда и праведна држава и здрава животна средина, истакна Манчевски.

Токму тоа се и клучните столбови околу кои се обединиле различни политички партии зад кои, како што истакна Манчевски, застанаа сите етнички заедници во коалицијата „Можеме“ и кои носат уште побрз  напредок на земјата.

– Сите политички субјекти  од оваа најголема и победничка коалиција ја препознаа важноста и потребата на граѓаните, а тоа е државата да продолжи по вистинскиот пат затоа што сега кога државата е на викстинскиот пат, кога станува член на НАТО и кога следува почеток на преговорите со ЕУ многу е кважно  да продолжиме да чекориме уште посилно по тој пат. Важно е да продолжат реформите, да растат платите и пензиите, да расте економијата, инвестициите, да продолжи развојот на инфраструктурата, вложувањата во образованието, во социјалата, во здравството. Докажавме, а во новиот мандат ќе покажеме дека можеме уште повеќе  и уште подобро, рече Манчевски

Генералниот секретар на Беса Хоџа истакна дека нивната коалиција ќе биде победник на овие избори и дека ќе владее со државата.

– Ние очекуваме дека различностите и придобивките што ги нудиме во општеството ќе се сфатат најпозитивно и така победнички ќе владееме, рече Хоџа.

По поднесувањето на кандидатските листи генералниот секретар на партијата Игор Јанушев потенцира дека тоа се победнички листи со кои ВМРО-ДПМНЕ ќе оствари една огромна, убедлива, историска победа за обнова на Македонија.

– Со ова практично го завршуваме овој дел од предкампањата. Не очекуваат неколку дена што ќе ги поминеме, пред се, во однос на барање на алтернативни начини како да останеме во непосреден контакт со граѓаните притоа, секако, почитувајќи ги препораките и мерките пред се на Светската здравствена организација со оглед на моменталната ситуација во однос на корона вирусот, рече Јанушев.

Во однос на кампњата и мерките за корона вирусот, и Манчевски и Јанушев истакнаа дека за нив, пред се, е најважно здравјето на граѓаните.

– Ќе се прилагодиме на условите и на она што во тој момент ќе бидат условите во коишто ќе се води кампањата. Прерано е да се каже уште од сега што ќе се случува тогаш. Ги следиме упатствата, насоките, препораките од страна на Владата и на државните институции, така што каква и да е состојбата ние ќе се прилагодиме на неа. Приоритет е здравјето на граѓаните и каква кампања да се води, пред се, во преден план ќе биде сигурноста, здравјето и безбедноста на граѓаните, а ние ќе најдеме алтернативни начини како нашите пораки да стасаат до нашите сограѓани, рече Манчевски.

ВМРО-ДПМНЕ истакна Јанушев бара алтернативни начини како да остане во непосреден контакт со граѓаните, а притоа на прво место е здравјето и животот на граѓаните.

– Се ќе оди во таа насока како ќе се одвива кампањата. Досегашните мерки и забрани кои што ги имаме во однос на собирите до 24 (март), тоа е всушност и вториот дел, официјалниот дел на кампањата. Ќе гледаме како ќе се одвива целата ситуација во поглед на тоа и ќе одлучиме како понатаму. Во следните неколку дена ќе соопштиме и конкретно што планираме да направиме и секако уште еднаш ќе потенцирам дека целокупните капацитети на партијата, целокупните капацитети на луѓето во партијата ги ставаме на располагање со се што можеме да помогнеме за полесно да се справиме со ова што се случува во државата, повтори Јанушев. ев/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Филипче: Следува нов почеток и пресвртница во делувањето на СДСМ

Дали од 29 Ноември Балканот ќе го зафати нов студен и снежен бран?!

Филипче: СДСМ не е лична сопственост ниту на Бранко, ниту на Заев, а најмалку моја