Утрински Весник
Македонија

СДСМ и Беса очекуваат победа на коалицијата „Можеме“ на парламентарните избори

СДСМ и Беса очекуваат победа на коалицијата „Можеме“ на парламентарните избори

Скопје, 12 март 2020 (МИА) – Коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ и од Беса вечерва до Државната изборна комисија (ДИК) ги доставија кандидатските листи за предвремените парламентарни избори на 12 април. Дамјан Манчевски од СДСМ и Аријанит Хоџа од Беса истакнаа дека очекуваат оваа најмногубројна и најразнолика коалиција да победи на претстојните избори.

-На оваа листа се 120 имиња одговорни граѓани, кои ја сакаат својата земја и кои се спремни да направат се за своите граѓани, да се вложат себеси со професионална работа во независен парламент. Ова е најгоелмата коалиција во моментот составена од различни политички партии кои се обединети околу она што е важно за граѓаните, иднината за државата, како што се, пред се, членството во НАТО и ЕУ,  економскиот раст, поголеми плати и пензии, грижа за сите, правда и праведна држава и здрава животна средина, истакна Манчевски.

Токму тоа се и клучните столбови околу кои се обединиле различни политички партии зад кои, како што истакна Манчевски, застанаа сите етнички заедници во коалицијата „Можеме“ и кои носат уште побрз  напредок на земјата.

-Сите политички субјекти  од оваа најголема и победничка коалиција ја препознаа важноста и потребата на граѓаните, а тоа е државата да продолжи по вистинскиот пат затоа што сега кога државата е на викстинскиот пат, кога станува член на НАТО и кога следува почеток на преговорите со ЕУ многу е кважно  да продолжиме да чекориме уште посилно по тој пат. Важно е да продолжат реформите, да растат платите и пензиите, да расте економијата, инвестициите, да продолжи развојот на инфраструктурата, вложувањата во образованието, во социјалата, во здравството. Докажавме, а во новиот мандат ќе покажеме дека можеме уште повеќе  и уште подобро, рече Манчевски

Генералниот секретар на Беса Хоџа истакна дека нивната коалиција ќе биде победник на овие избори и дека ќе владее со државата.

-Ние очекуваме дека различностите и придобивките што ги нудиме во општеството ќе се сфатат најпозитивно и така победнички ќе владееме, рече Хоџа.

Манчевски, одговарајќи на новинарсо прашање за тоа како ќе се води кампањата имајќи ги предвид мерките за спречување со корона вирусот, рече дека за нив здравјето на граѓаните е најважно, така што ќе тие се прилагодат на условите и на она што во тој момент ќе бидат условите во коишто ќе се води кампањата.

-Прерано е да се каже уште од сега што ќе се случува тогаш. Ги следиме упатствата, насоките, препораките од страна на Владата и на државните институции, така што каква и да е состојбата ние ќе се прилагодиме на неа. Приоритет е здравјето на граѓаните и каква кампања да се води, пред се, во преден план ќе биде сигурноста, здравјето и безбедноста на граѓаните, а ние ќе најдеме алтернативни начини како нашите пораки да стасаат до нашите сограѓани, рече Манчевски. ев/са/

Изјави на Манчевски и Хоџа по предавањето на кандидатските листи за пратеници од Коалицијата ,,Можеме” во ДИК

Posted by MИА.mk on Четврток, 12 март 2020

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Скопје никако да се спаси од загадувањето, повторно во топ 10 најзагадени градови во светот!

Д-р Јовановски на подкаст ЗРАК: Има различни методи на реконструкција по мастектомија

Кузмановска: Хема – Онко нуди поддршка за лицата заболени од канцер