Утрински Весник
Македонија

Од утре до 15 март ограничен влез и излез на патници на ГП „Стење“, „Св. Наум“ и „Блато“

Од утре до 15 март ограничен влез и излез на патници на ГП „Стење“, „Св. Наум“ и „Блато“

Скопје, 12 март 2020 (МИА) – Почнувајќи од 6 часот утре заклучно со 15 март до 24 часот ќе биде ограничен влезот и излезот за сите патници од страна на граничните власти на Република Албанија кои ќе патуваат преку граничните премини „Стење“, „Св. Наум“ и „Блато“, соопшти Министерството за внатрешни работи по претходно добиено известување од албанските погранични служби.

– Оваа одлука е донесена за сите лица кои патуваат со превозни средства кои се движат кон и од градовите Тирана, Драч, Скадар, Елбасан, Леже, Лушне, Фиер и Валона, појаснуваат од МВР.

Тие биле известени и дека ќе биде дозволен излез на државјани на Албанија кон земјава во зависност од подрачјето каде живеат и гравитираат кон овие гранични премини. Странските државјани ќе можат да остварат влез на наведените премини, но нема да можат да се движат кон наведените градови.мс/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Сиљановска-Давкова: Климатските промени се глобален, регионален и национален безбедносен предизвик – време е за превенција наместо реакција! 

Плаќајте паркинг навреме: Штип воведува „паметна“ контрола со мобилни патроли

САД и Македонија го отворија Стратешкиот дијалог: Потврдена силната соработка во рамки на НАТО