Утрински Весник
Економија

БЕГ воведува мерки на претпазливост со цел заштита од корона вирусот

БЕГ воведува мерки на претпазливост со цел заштита од корона вирусот
Dik 300x250 mk

Скопје, 12 април 2020 (МИА) – Групацијата Балкан енерџи груп АД Скопје (БЕГ) воведува мерки на претпазливост со цел превенција и заштита на вработените и потрошувачите во согласност со препораките од Министерството за здравство, Владата и СЗО за справување со заканата од корона вирусот.

-Почитувајќи ги во целост препораките за превенција од ширење на корона вирусот од последната владина седница, а со цел да обебеди сигурна и непрекината испорака на топлинска енергија до потрошувачите, компанијата во следниот период ќе работи со редуциран број на извршители, велат од БЕГ.

Со цел намалување на заканата за ширење на вирусот, додаваат, апелираме до потрошувачите да ги почитуваат и да се придржуваат кон препораките од Министерство за здравство, http://zdravstvo.gov.mk/, Владата, https://vlada.mk/ и Светската здравствена организација, https://www.who.int/.

-Потрошувачите посетите во деловната зграда на компанијата и наплатните центри да ги сведат на минимум, освен за неодложни барања и услуги, да ги користат електронските комуникациски канали на компанијата поставени на веб страницата https://beg-snabduvanje.com.mk/ за електронски плаќања и поднесување на барања, електронската пошта contact@beg-snabduvanje.com.mk за сите потребни информации или да се обратат во Центарот за грижа на потрошувачи на телефонските броеви 02 3076 200 и 075/400-100, посочуваат од БЕГ. вј/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Просечната нето плата во август 45 310 денари

УЈП направи техничка надградба на нејзините електронски системи

Мицкоски: Потпишавме Меморандум за разбирање со „Бурсток“, која ќе инвестира во наменската воена индустрија во Македонија до 150 милиони долари