Утрински Весник
Македонија

Меморандум за соработка меѓу Општина Крива Паланка и Институт за добро управување и евро-атлантски перспективи

Меморандум за соработка меѓу Општина Крива Паланка и Институт за добро управување и евро-атлантски перспективи

Крива Паланка, 12 март 2020 (МИА) – Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски, денеска потпиша Меморандум за соработка со претседателот на Институтот за добро управување и евро-атлански перспективи од Скопје, Бобан Кордалов.
– Со потпишувањето на овој Меморандум се воспоставува соработка помеѓу Институтот за добро управување и евро-атлански перспективи (ИДУЕП) и Општина Крива Паланка, а целта е да се промовираат добрите практики во сферата на доброто управување и евро-атланските перспективи и поттикнување на заложбите за транспарентност, дигитализација и двонасочна комуникација, изјави Мицевски.
Меморандумот беше потпишан во кабинетот на градоначалникот Мицевски.ид/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Со македонски пасош олеснето може да се патува во 114 држави во светот

Приведено лице осомничено за двете убиства во Ѓорче Петров

Обвинителството го отфрли предлогот Дејан Јованов и неговиот син да бидат сослушани како сведоци на судењето против деветмината полицајци за „Пулс“