Утрински Весник
Македонија

Хронично болните за терапија да одат кај матичен лекар, кафулињата и рестораните ќе работат до 18 часот

Хронично болните за терапија да одат кај матичен лекар, кафулињата и рестораните ќе работат до 18 часот

Скопје, 12 март 2020 (МИА) – Хронично болните пациенти за продолжување на нивната терапија ќе можат наместо кај лекар специјалист да одат кај матичниот лекар. Оваа е дополнителна мерка која нема да важи за новодијагностицираните пациенти. Се откажуваат сите претходно закажани интервенции на хронични пациенти кои може да се одложи, а ќе има само итни неодложни хирушки интервенции.

Ова денеска на прес-конференција во Владата го соопшти министерот за здравство Венко Филипче, кој рече дека дополнителните мерки вклучуваат кафетериите и рестораните да работат со скратено работно време до 18 часот и внатре капацитетот да биде преполовен, што значи да се задржи дистанцата од метар и пол до два меѓу луѓето кои престојуваат таму.

Додаде дека дополнителните мерки што ги предложи Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство ќе бидат разгледани денеска на седница на Владата, а тие вклучуваат и забрана на сите јавни и приватни собири без оглед на обемот и бројот на учесници – концерти, театарски претстави, кино проекции, спортски сали, теретани, кладилници и казина. рп/лв/

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

СДСМ: Мицкоски повторно демонстрира лицемерие и паника по нашата консолидација

Директорот на затворот Шуто Оризари вели нема шанси Кешишев и Палчо да размениле писмо

Одбиени 10 амандмани на амадманската расправа за Предлог-буџетот за 2025 година