Утрински Весник
Македонија

Претседателот на Уставниот суд ќе се сретне со амбасадорот на Украина

Претседателот на Уставниот суд ќе се сретне со амбасадорот на Украина

Скопје, 10 март 2020 (МИА) – Претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, Сали Мурати, денеска ќе оствари средба со амбасадорката на Украина во земјава, Наталија Задорожњук.

Од назначувањето за претседател на Уставниот суд, Мурати досега се сретна со американската амбасадорка во земјава Кејт Мари Брнз, со евроамбасадорот Самуел Жбогар, како и со амбасадорите на Франција, Германија, Турција, Унгарија, Руската Федерација и на Холандија, Кристијан Тимоние, Томас Герберих, Хасан Мехмет Секизќок, Ласло Иштван Дукс, Сергеј Баздникин и Дирк Јан Коп. дма/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Пожар кај Илинден: Огнот во близина на цистерни и бензинска пумпа, пожарникарите на терен

Несекојдневен протест во Охрид: Со СУП даски направија блокада во езерото

Уапсен маж од Крушево, дома му нашле дрога и оружје