Утрински Весник
Македонија

Во Битола се одржа семинар со ученици со дислексија и дискалкулија

Во Битола се одржа семинар со ученици со дислексија и дискалкулија

Битола, 9 март 2020 (МИА) – Националната утанова универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“-Битола во соработка со Здружението за Дислексија Ајнштајн од Скопје одржаа семинар за „Современи методи и алатки при работа со ученици со дислексија и дискалкулија”.

На семинарот учествуваа наставници, професори, специјални едукатори и рехабилитатори, педагози, психолози, логопеди и родители кои според м-р Јелена Петровска, програмски раководител во НУУБ „Св.Климент Охридски“-Битола треба да бидат информирани за важноста на ангажирањето на библиотеките во програмите на заедницата и најави кампања на библиотеката под наслов „Читај за да го промениш светот“.

На семинарот учесниците се запознаа со принципите на Дејвисовата метода за корекција на дислексија, дискалкулија, диспраксија и диграфија со примената на практичните алатки за учениците со дислексија кои може да ги користат за време на часовите, но и во домашни услови.

Интерактивните вежби на семинарот беа работа со глина со цел да се објасни суштината и значењето на јазикот, моделирање на збор кој е тежок за визуелизизација и вовед во математиката преку моделирање со глина, информираа од НУУБ „Св.Климент Охридски“-Битола кои на сите учесници им доделија сертификат за учество и едукативни материјали за работа со ученици со дислексија и дислалкулија. мт/вј/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Лукаревска: СДСМ поднесе амандман за поддршка на зелената транзиција и намалување на загадувањето

НСО: Исплатени обврските кои беа заостанати од потпишувањето на колективниот договор

Раде Штекли нуди плата од 3.000 евра – еве што се бара