Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Голема карпа кај Истибања го попречува сообраќајот на патот Кочани – М.Каменица – Делчево

Голема карпа кај Истибања го попречува сообраќајот на патот Кочани – М.Каменица – Делчево
Img 7972

Делчево, 9 март 2020 (МИА) – Дождот кој веќе непрекинато врне веќе втор ден предизвикува свлечишта и одрони на патниот правец Делчево – М.Каменица – Кочани.
Моментално таков поголем одрон, според информациите на возачи, се наоѓа во близина на месноста Саваро кај село Истибања.
-Каменот е со големина колку едниот дел од коловозот и засега возилата се движат само по едната лента. На останатите места генерално е чисто, но има помали одрони и треба внимателно да се вози бидејќи можни се нови одрони поради дождот, велат возачи.
Од „Македонија пат“ информираа дека синоќешните одрони се расчистени, додека за новиот одрон веќе се упатени екипи, кои би требало да го отстранат од коловозот.
-Сепак, препорачуваме во вакви временски услови да се вози внимателно, бидејки се работи за осетливо подрачје подложно на одрони во вакви временски услови, велат од „Македонија Пат“. вс/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Почнува постепената имплементација на Системот за влез/излез во Шенген зоната

Променливо облачно со сончеви периоди

Мицкоски: Нема предавство со Бугарија!