Утрински Весник
Македонија

Гевгелиските кафулиња викендов беа вонредно контролирани

Гевгелиските кафулиња викендов беа вонредно контролирани

Гевгелија, 9 март 2020 (МИА) – Мешовити екипи од родители, социјални работници и полицајци викендов патролираа низ угостителските објекти во Гевгелија со цел да видат каде и во какви услови се забавуваат младите, кои угостителски објекти најчесто ги посетуваат и колку се почитува забраната за точење алкохол на малолетници и нивното присуство во локалите по полноќ.

-Ова беше еден од заклучоците на Локалниот совет за превенција на општина Гевгелија од последната седница и ние прифативме со претставниците од надлежните служби да одиме по кафулињата за да видиме каде нашите деца излегуваат и како се однесуваат таму, рекоа родителите од мешовитите патроли.

Локалниот совет за превенција на последната седница укажа на сериозноста од раширеноста и лесната достапност на наркотични средства и алкохол кај малолетни лица во општина Гевгелија поради што и ја побара зајакнатата контрола од страна на надлежните институции и органи.

Покрај ова,советот за превенција побара од надлежните органи засилена контрола во периодот на пристигнување и заминување на училишните автобуси на паркингот кај спортската сала каде пак било забележано собирање на дилери на дрога.

Од општината најавија дека засилените контроли ќе продолжат и во иднина и дека во тек е изработка на програма за обуки и работилници посебно за учениците од прва и втора година гимназија, за штетноста на дрогата, алкохолот и другите пороци и за мерките за заштита од нив. им/бк/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ДЗР: Низок процент на опфат на скрининзите за рак на дојка и матка, 80 отсто од пациентките со рак почнуваат со лекување во подоцнежни стадиуми на болеста

Шпанец фатен на скопскиот аеродром со 1.463 парчиња пирсинг

Промоцијата на наградениот филм „Малдорор“ се заокружува со три проекции во Кинотека