Утрински Весник
Македонија

Кумановските училишта добија дезинфекциски средства

Кумановските училишта добија дезинфекциски средства

Куманово, 9 март 2020 (МИА)Министерството за здравство додели алкохолни дезинфициенси за основните и средниште училишта во Куманово, соопштија денеска надлежните од секторот за образование од општината. Информираат дека средствата се распределни за вкупно 17-те училишта во општината, петте средни и 12-те основни.

-За време на викендот, средствата се дистрибуирани по училиштата и од денеска веќе се користат, информираше раководителот на одделението за основно образование, Александар Саздовски.

Дезинфециенсот со широк спектар на микробиоцидно дејство има продолжено дејство повеќе од четири часа.

Надлежните од средното стручно училиште, „Перо Наков“, информираат дека претходно, учениците веќе се информирани за превентивните мерки за заштита од коронавирусот на класните часови.

-Вкупно, во нашето училиште, во двете згради каде наставата се изведува на македонски и албански наставен јазик добивме 61 средство, изјави директорката на училиштето, Мила Жибак.ам/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Уапсен тетовец, ги нападнал неговите сопруга и ќерки

Кривична за полицаец од Битола, не дозволил да му биде наплатен паркинг на неговиот брат

Филипчебара референдум за ЕУ: Граѓаните да одлучат дали сакаат да ја платат цената заради Мицкоски