Утрински Весник
Македонија

Осмомартовски цвеќиња за жени возачи во Битола

Осмомартовски цвеќиња за жени возачи во Битола

Битола, 8 март 2020 (МИА)СВР-Битола, поводно и во рамки на проектите Полицијата и граѓаните заедно” и Безбедно во сообраќајот“ денеска на сите жени возачи им го честитаа меѓународниот празник 8 Март.

Отсекот за превенција, полициската станица за безбедност на сообраќајот на патиштата при СВР-Битола, во координација со Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот-РСБСП и училишната сообраќајна единица од овој град изведоа превентивна акција на повеќе пункта низ Битола каде на возачите и пешаците жени им подарија цвеќе.

Од СВР-Битола и денеска апелираа за внимателно возење и почитување на сообраќајните правила и прописи. мт/вг/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Сончево со мала облачност, максималната температура до 34 степени

Албанска лига е новото име на партијата на Села, најавена нова политичка офанзива

Седум пријави и четири уапсени лица за семејно насилство