Утрински Весник
Македонија

Осмомартовски цвеќиња за жени возачи во Битола

Осмомартовски цвеќиња за жени возачи во Битола

Битола, 8 март 2020 (МИА) – СВР-Битола, поводно и во рамки на проектите „Полицијата и граѓаните заедно” и „Безбедно во сообраќајот“ денеска на сите жени возачи им го честитаа меѓународниот празник 8 Март.

Отсекот за превенција, полициската станица за безбедност на сообраќајот на патиштата при СВР-Битола, во координација со Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот-РСБСП и училишната сообраќајна единица од овој град изведоа превентивна акција на повеќе пункта низ Битола каде на возачите и пешаците жени им подарија цвеќе.

Од СВР-Битола и денеска апелираа за внимателно возење и почитување на сообраќајните правила и прописи. мт/вг/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Мицкоски: Шокирачки се политичките одлуки на Врховниот суд за модуларната болница, Ласкарци и редица други случаи

Каранфилова-Пановска: Мицкоски изнесе брутална лага на надзорната расправа за Алта банка, Обвинителството мора да постапи

Обвинителството ќе постапи ако утврди елементи на кривично дело за Алта банка, Савески не открива дали е отворена предистражна постапка