Утрински Весник
Спорт

Барселона славеше над Сосиедад

Барселона славеше над Сосиедад

Барселона, 7 март 2020 (МИА) – Барселона вчера го совлада Реал Сосиедад со 1:0 во натпревар од 27 коло во Примера. Победникотг на „Камп Ноу“ го реши Лионел Меси со гол од пенал, досуден по асистенција на ВАР технологијата, во 82. минута.

Каталонците се лидери на табелата со два повеќе во однос на Реал Мадрид кој утре ќе му гостува на Бетис.

Примера, 27 коло, резултати

Барселона – Реал Сосиедад 1:0

Атлетико Мадрид – Севилја 2:2

Еибар – Мајорка 1:2

Табела: Барселона 58, Реал Мадрид 56 (-1), Севилја 47, Хетафе 45 (-1), Атлетико Мадрид 45, Реал Сосиедад 43 (-1), итн. сѓд/ми/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Силекс полуфиналист во фудбалскиот Куп на Македонија

ФИФА може да ги одложи баражите за СП 2026 година во Мексико поради немирите во земјата

Душко Стојановски едногласно избран за нов претседател на Македонската БЏЏ Федерација!