Утрински Весник
Македонија

Ковачев од Пустец: ЕПП го подржуваат почетокот на преговори на Албанија и на Северна Македонија

Ковачев од Пустец: ЕПП го подржуваат почетокот на преговори на Албанија и на Северна Македонија

Пустец, 6 март 2020 (МИА) – Европските народни партии го поддржуваат започнувањето на преговорите со Албанија и Северна Македонија, работиме со Холандија, Данска и Франција и се надеваме дека ќе ги убедиме дека е исправно сега да започнат преговори.

Ова во Пустец, Мала Преспа, го изјавил потпретседателот на групата на ЕПП, Андреј Ковачев, пренесува албанската агенција АТА.

Додал дека „отворањето на преговорите треба да започне, но оти треба да се решаваат и проблемите“.

-Не можам да ги коментирам дискусиите во домашната политика и мислам дека тоа не е моја работа. Во интерес на граѓаните на Албанија е политичките партии да направат внатрешни компромиси и земјата наскоро да започне преговори, рекол тој.

Важно е, продолжил Ковачев, Албанија да ги исполни условите утврдени од Венецијанската комисија и Европската унија за слобода на медиумите и сите други точки.

-Очекуваме да започнат преговорите со Албанија. Ние го поддржуваме започнувањето на преговорите со Албанија и Северна Македонија и сметаме дека проблемите треба да се решат, нагласил Ковачев.

Според агенцијата Балкан веб, Ковачев се сретнал и со градоначалникот на Пустец, Пали Колефски, но детали од средбата не пренесува, освен фотографија. вт/вг/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

До петок стабилно и сончево – викендов снег

Мајката-херој се борела со стерилитет, во бракот со сопругот 37 години се труделе да добијат деца

До петок стабилно, потоа облачно со повремени врнежи од дожд