Утрински Весник
Македонија

МЗ: Тестирано уште едно лице на корона вирус – резултатот е негативен

МЗ: Нацрт текстот на Законот за лекарска дејност отворен за предлози од стручната фела, невладиниот сектор и граѓаните
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

 

Скопје, 4 март 2020 (МИА) – Уште едно лице на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби е тестирано попладнeво на корона вирус и резултатот е негативен, информираат од Министерството за здравство.

Министерот за здравство Венко Филипче, денеска повикувајќи се на растечкиот број на ново заразени во европскиот регион информираше дека контролата на системот за заштита и превенција во земјава се подигнува на уште повисоко ниво со воведување на „здравствена локатор карта“ за сите патници во авионите на „Wizz Air“ од Милано и Венеција на скопскиот и охридскиот аеродром.

– Ова ќе овозможи добра контрола и следливост на патниците. Тие ќе остават податоци за тоа на која адреса престојуваат и доколку во некое сценарио се јави некој патник по одреден број денови со симптоми, многу лесно е да ги лоцираме патниците, особено сопатниците кои седеле неколку реда зад и пред заболениот патник во авионот, како што налагаат препораките, потенцираше министерот Филипче, информираат од министерството. аа/мч/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Касами со апел: Екстремен мраз на улиците, граѓаните да останат дома

Вечерва тешко проодни патишта и заглавени возила низ Македонија

Хаос во кафуле во Гостивар: Тепачка, пукање и паника меѓу гостите