Утрински Весник
Македонија

Во Пехчево промовирани делата на поетесата Светлана Босилкова Далевска

Во Пехчево промовирани делата на поетесата Светлана Босилкова Далевска

Пехчево, 4 март 2020 (МИА) – Во Пехчево се одржа промоција на збирката поезија „Мисловна вртелешка“ и романот „Лавица на жица“ од поетесата Светлана Босилкова-Далевска. Збирката, како што истакна Далевска е втора нејзина книга и во неа се застапени 45 песни.

– Првото мое дело е романот „Лавица на жица“ кој слободно можам да кажам дека е роман за љубовта, страдањата, надежта, додека збирката „Мисловна Вртелешка“ ги опејува егзистенцијалните теми, содржи родољубива и љубовна поезија, истакна Далевска пред присутните.

Извадоци од делата на авторката читаше професорката Светлана Ќулумова, додека со музичка точка се претставија проф.м-р Драган Колевски следен на гитара од младиот Андреј Каракашов.

Организатор на настанот е матичната библиотека „Кочо Рацин“, чија директорка Габриела Костадиновска, информираше дека промоцијата е дел од одбележувањето на 8 Март – Меѓународниот ден на жената. вс/аа/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Од седум уапсени возачи, петмина возеле без положен возачки испит

15 годишно девојче удрено од автомобил во центарот на Скопје

На втори декември ќе се бира претседател на Уставниот суд