Утрински Весник
Македонија

Град Скопје: Во тек е доставувањето на решенија за данок на имот за 2020

Град Скопје: Во тек е доставувањето на решенија за данок на имот за 2020
Dik 300x250 mk

Скопје, 4 март 2020 (МИА) – Во тек е доставувањето на решенијата за данок на имот за 2020 година. Сите даночни обврзници кои немаат платено данок на имот за изминатата 2019 година ќе добијат опомена за неплатен долг, соопштија денеска од Град Скопје.

Даночните обврзници кои нема да добијат решенија за данок на имот или доколку во нив забележат одредени неправилности, може да се обратат во Град Скопје.

– Сите забелешки граѓаните можат да ги достават и секој работен ден од 7:30 до 19:30 часот со поднесување барање на шалтерите во архивата на Град Скопје или во канцелариите за сметководство на Град Скопје. Сите граѓани, исто така, во рок од два месеца од добивањето на решението за данок на имот можат сите забелешки и недостатоци да ги пријават и со приклучување на сајтот на Град Скопје – е-даноци, преку Одделот за пријавување проблеми, како и преку електронска пошта на следните адреси: danoci@skopje.gov.mk, anitan@skopje.gov.mk (за данок на имот), соопшти Град Скопје. см/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ДКСК со повеќе изборни пријави – дел проследени до ЈО, дел затворени без прекршувања

МВР приведе лажен поп – мамел луѓе во тага на гробиштата во Ѓорче Петров и Волково

Мисајловски: Македонија во црвено – историска победа и голема одговорност за ВМРО-ДПМНЕ