Утрински Весник
Спорт

Гедбане потпиша двегодишен договор со Адемар Леон

Гедбане потпиша двегодишен договор со Адемар Леон

Скопје, 4 март 2020 (МИА) – Голманот на РК Вардар, Калифа Гедбане се договори за двегодишна соработка со Адемар Леон.

Гедбане по завршување на сезоната ќе замине од Скопје и ќе продолжи во шпанската ракометна сцена од која и дојде во двократниот европски првак во 2018 година.

Со неговото заминување, голмански тандем во Вардар, како што стојат работите во моментот, за наредната сезона ќе бидат искусниот Борко Ристовски и младиот Марко Кизиќ. сѓд/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Ѓоковиќ четврти носител на УС Опен, можен е меч со Алкараз во полуфиналето

Турција и Италија најуспешни нации по вториот ден на Медитеранските игри

Италијанецот Алесио Окипинти победник на 39. Охридски пливачки маратон