Утрински Весник
Македонија

Облачно со повремен пороен дожд и ветер

Променливо облачно време, со врнежи во западните делови

Скопје, 4 март 2020 (МИА) – Времето во земјава ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, на места ќе бидат пообилни (20 до 30 л/м2), локално во форма на невреме со пороен дожд, грмежи и силен ветер (над 80 км/час).

Утринската температура ќе се движи од 3 до 10 степени, а дневната од 5 до 17 степенi.

Во Скопје облачно со повремени врнежи од дожд и повремено засилен ветер претежно од југоисточен правец.  Утринската температура ќе се спушти до 9, а дневната ќе достигне до 13 степени.

Во следните денови ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди и со повремени врнежи од дожд.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Во Трубарево PM₁₀ честичките во рамки на дозволените граници

СДСМ: За навредите на Миленко кон жените бараме разрешување од ФК Вардар и реакција од ФФМ и клубовите

Мицкоски: Да создадеме јавен сектор кој ќе биде двигател на развојот, партнер на граѓаните и гарант на европската иднина на државата