Утрински Весник
Македонија

Министерството за здравство ќе набавува термални камери и опрема за Инфективната клиника

Министерството за здравство ќе набавува термални камери и опрема за Инфективната клиника

Скопје, 3 март 2020 (МИА) – Владата на денешната седница ја разгледа и усвои Информација за потребата за набавка на две термални камери, опрема за ЈЗУ Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби и лична заштитна опрема за Министерството за здравство и останатите институции вклучени во активностите во врска со коронавирусот Ковид-19 и го задолжи Министерството за здравство да ја спроведе набавката.

На предлог на министерот за здравство, Владата го задолжи Министерството за образование и наука да изготви план за дистрибуција на алкохолен дезинфициенс со широк спектар на микробиоцидно дејство до основните и средните училишта.

Како што соопшти владината прес-служба, Владата денеска ја разгледа и ја усвои Информацијата за здравствените проблеми кои можат да бидат предизвикани од комарците како пренесувачи на заразни болести и го прифати акцискиот план за нивно контролирање.

Владата им препорачува на единиците на локалната самоуправа континуирано и целосно да ги спроведуваат мерките од акцискиот план кои предвидуваат ларвицидна дезинсекција во шест наврати, терестичката дезинсекција (на возрасни комарци) која треба да се изврши во пет наврати, како и мерката за постојано информирање и едукација на населението во единиците на локалната самоуправа. хс/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Доне Таневски продаде голем удел од акциите во „Македонија турист“ – „Скопски пазар“ на Фатмир Етеми ја зацврстува позицијата на втор најголем акционер

Лукаревска: СДСМ поднесе амандман за поддршка на зелената транзиција и намалување на загадувањето

НСО: Исплатени обврските кои беа заостанати од потпишувањето на колективниот договор