Утрински Весник
Спорт

Златен медал за Емил Павлов на К1 Премиер-лигата во Австрија

Златен медал за Емил Павлов на К1 Премиер-лигата во Австрија
Dik 300x250 mk

Салцбург, 1 март 2020 (МИА) – Емил Павлов го освои златниот медал на силната карате Премиер-лига во Сацлбург, Австрија откако во финалниот меч со 5-4 го совлада актуелниот светски шампион, Италијанецот Анџело Крешенцо.

Павлов до победата стигна буквално со поен освоен во последната секунда и повторно како и на Европското првенство во 2019 година беше подобар од Италијанецот Крешенцо. Оваа победа е голем поттик за уште поголема самодоверба пред Европското првенство и квалификацискиот турнир за пласман на ЛОИ во Токио.

Во борбите од главниот жреб кои се одржаа во петокот во полуфиналето Павлов беше подобар од Казахстанецот Даркан Асадилов со 2-1, а претходно ги добиваше и Мохамед Фахед од Јордан со 3-2, Ненад Дуловиќ од Црна Гора со 1-0 и Јертанек Баитурејев од Казахстан со 4-0.

Од останатите македонски каратисти Петар Спасеновски и Вероника Костовска го освоија седмото место, додека Фахик Весели заврши како деветопласиран.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Одбојкарите на Струмица елиминирани во Лигата на шампиони

УЕФА парично ја казни Шкендија за транспаренти со неспортска содржина

НБА може да ја промени политиката за обложување по апсењата на Розиер и Билапс