Утрински Весник
Политички Партии

Ангеловски:На јужната граница состојбата е непроменета, полицијата е постојано присутна и подготвена

Ангеловски:На јужната граница состојбата е непроменета, полицијата е постојано присутна и подготвена

Скопје, 1 март 2020 (МИА) – Состојбата на нашата јужна граница е непроменета. Полицијата е постојано присутна и подготвена, а граѓаните немаат причина за загриженост, посочуваат од Министерството за внатрешни работи.

-Сосотојбата на јужната граница е непроменета. Имаме стандардна бројка на обиди за нелегален влез во нашата држава. Граѓаните немаат причина за загриженост. МВР, односно нашата полиција е подготвена и постојано присутна на јужната граница. На нашите полициски службеници веќе неколку години им помагаат и полициски службеници од неколку пријателски држави и со заеднички сили се справуваме со сите нелегални обиди за влез, вели портпаролот на МВР Тони Ангеловски во изјава за медиумите.ир/скс/

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт