Утрински Весник
Македонија

Започна палењето „стреловишта” за Прочка во Пијанец

Започна палењето „стреловишта” за Прочка во Пијанец

Делчево, 1 март 2020 (МИА) – Во повеќе населени места во Пијанец започна палењето „стреловишта“ од смрека. Адетот, како што велат жителите од населбата Маџир Маало, се прави вечерта на Прочка.

-Обичајот налага да се прават купови од смрека и на врвот се става висок колец со што смрековиот куп изгледа како „стреловиште“. Околу колецот се наредува смреката и се прави висок куп за да оганот трае подолго. Кога веќе оганот е пред згаснување истиот се прескокнува, велат жителите на Маџир Маало.

Традицијата на палење смреков оган продолжи и во останатите места во делчевско. Потоа, како што велат постарите, се прави адетот амкање.

-Амкање е адет со кој се верува дека оној, кој без раце ќе го улови јајцето кое е врзано за конец, ќе има најмногу среќа во следната година. Со денешниот ден помладите ја завршуваат посетата на домовите на постарите од кои се бара прочка за грешките од изминатата година, додаваат жителите од делчевската населба Милково Брдо.

Веќе од утре православните христијани согласно верувањата го започнуваат Велигденскиот пост. вс/ир

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Првата група студенти го заврши првиот циклус по македонски јазик на Факултетот за странски јазици во Тирана

Приведен кавадарчанец по распишана централна потерница

Во беровската полиција однесено неексплодирано убојно средство