Утрински Весник
Македонија

Второ годишно собрание на Независниот синдикат за образование и наука

Второ годишно собрание на Независниот синдикат за образование и наука

Скопје, 29 февруари 2020 (МИА) – Независниот синдикат за образование и наука (НСОН), кој пред две години е основан за заштита на правата на наставниците во основното образование, денеска на второто годишно собрание соопшти дека неговите членови се незадоволни од платите.

-Почетната плата на просветните работници е под републичкиот просек, не добиваат додаток за годишен регрес, а недостасува и додатокот за патни трошоци за вработените што работат во рурални средини и тие имаат големи трошоци за транспорт, изјави Томислав Гиевски, претседател на НСОН.

Во претстојниот период, рече, ќе имаат засилени активности за да го зголемат членството и да постигнат репрезентативност што на овој синдикат ќе му овозможи да го промени колективниот договор од 1995 година.

-Во однос на правната регулатива, во досегашните активности нашиот синдикат затекна многу неправилности, мобинг, дискриминација, силно партиско влијание, кое се бориме да го откорнеме од секторот образование, истакна Гиевски. хс/вј/ 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Муцунски: Подготвени сме да ги направиме сите неопходни реформи – не само поради ЕУ, туку поради посилно општество

Кој ќе остане да ја чува Македонија по 2050 година: старците или странците?

Во Собранието ќе заседаваат шест комисии