Утрински Весник
Македонија

Приведен 61-годишник за половиот напад на малолетно девојче

Жител на Кочани извршил разбојништво во казино, но е фатен на граничен премин

Тетово, 28 февруари 2020 (МИА) – Жител на Тетово на 61 година е лишен од слобода во врска со пријавениот полов напад врз малолетно девојче од 25 февруари, соопшти денес СВР Тетово. Осомничениот е приведен денес околу 15 часот на улицата „Страшо Пинџур“ во Тетово.

-Полициски службеници го лишиле од слобода 61-годишниот тетовец во врска со половиот напад на малолетно дете кој во СВР Тетово е пријавен на 25 февруари. Извршен е претрес во неговиот дом и се преземаат мерки и активности за документирање на случајот кој го координира обвинител од тетовското обвинителство, информираат од СВР Тетово.

На 25 февруари, случајот го пријавил 26-годишен жител на Тетово, инаку очув на девојчето, додека пријавениот полов напад се случил во понеделникот 24 февруари. ас/ир

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Скопје никако да се спаси од загадувањето, повторно во топ 10 најзагадени градови во светот!

Д-р Јовановски на подкаст ЗРАК: Има различни методи на реконструкција по мастектомија

Кузмановска: Хема – Онко нуди поддршка за лицата заболени од канцер