Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Граѓаните што допатувале од регионите со корона вирусот, да се јават во центрите за јавно здравје

Граѓаните што допатувале од регионите со корона вирусот, да се јават во центрите за јавно здравје
300x250 opst2

Владата апелира сите граѓани што допатувале од регионите со официјална епидемија со корона вирусот задолжително да се јават на контакт телефоните на центрите за јавно здравје.

„Владата ги известува сите вработени во државните и локалните институции и претпријатија, вработените во основно, средно и високо образование, како и сите ученици и студенти дека доколку во последните 2 недели патувале или живеат со некој кој патувал во следниве земји/региони: регионите Ломбардија, Венето, Емилија Ромања, Пиемонт во Италија, како и Народна Република Кина, Хонг Конг, Иран, Јапонија, Маку, Филипини, Република Кореа, Сингапур, Тајван, потребно е да не доаѓаат на работа, на училиште или на факултет и да ја информираат институцијата, претпријатието и образовната институција и веднаш да се јават на телефоните за контакт во центрите за јавно здравје во Битола – 071/261-330, Велес – 071/219-278, Гевгелија – 078/545-444, Кочани – 071/373-913, Куманово – 070/215-851, Охрид – 070/723-029, Прилеп – 076/475-747, Скопје – 071/289-614, Струмица – 072/235-543, Тетово – 075/240-464, Гостивар – 076/365-161, Штип – 078/365-613, и на телефонот на Институтот за јавно здравје – 078/387-194, како и на телефонот „Ало докторе“ – 02/15-123,“ се вели во соопштението на Владата.

Од таму додаваат дека со исполнувањето на оваа обврска, граѓаните ќе помогнат да се соберат релевантните информации за состојбата со корона вирусот, за да можат институциите навремено и ефективно да реагираат.

„Владата повикува на максимална лична одговорност на секој вработен во институциите, родителите на децата во образовниот процес и на сите граѓани, за да се оствари максималната заштита на секој поединец и на јавното здравје, како и да се следат и практикуваат препораките на Министерството за здравство и на Светската здравствена организација,“ се додава во соопштението.

Извор: meta.mk

Можете да прочитате

Пендаровски: Никогаш не постоел план за враќање на Груевски, човекот кој „го извади муабетот“ е од ВЛЕН

Менаџерка во казино во Гостивар си земала пари од каса, полицијата ја уапси

Филипче за Кузмановски: Многу сериозно прашање е дали во таква состојба не загрозил некои пациенти