Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Потврден прв случај на коронавирус во земјава

Потврден прв случај на коронавирус во земјава
Img 7972

 

Скопје,  26 февруари 2020 (МИА) -Потврден е првиот случај на заболен од коронавирус во земјава. Станува збор за пациентка, родена 1970 година од Скопје, која одреден период престојувала во Италија.

Ова го соопшти денеска министерот за здравство Венко Филипче, на заедничката прес-конференција во Владата, на која се присутни и премиерот Оливер Спасовски и д-р Жарко Караџовски од Институтот за јавно здравје.

-Нема простор за паника, пациентката е сместена на Инфективната клиника во Одделот за изолација, соодветно се третира нејзината состојба. Епидемилошките анализи укажуваа на тоа дека таа еден месец била во Италија во посета на роднини. Веќе две недели е болна и иницијално се тестирала во здравствената установа во Италија и непосредно по влегувањето на нашата земја директно се упатила на Клиниката за инфективни болести во Скопје. Инкубацијата е помината и во моментот на транспорт таа не претставувала опасност за да ја пренесе болеста, рече Филипче.

Претходно денеска министерот Филипче рече дека случај со коронавирус засега од регионов има во Хрватска, а денеска беше потврден и првиот случај во Грција. Во Албанија коронавирус, како што рече Филипче, се уште нема, а од Косово  се чекаат информации. мч/ац/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Николоски: Со најголемиот инфраструктурен проект, брзата пруга Скопје-Солун, Гевгелија ќе биде центар за туризам и бизнис во регионот

Џипот на разбојниците од Гостивар пронајден запален на патот кон Стража

Филипче од Гази Баба: Овие избори се борба за вредностите на социјалдемократијата, за праведна држава и достоинствен живот за сите