Утрински Весник
Македонија

Во претшколско образование лани биле вклучени 38.094 деца

Вештините што се учат во градинка, се поважни од академското образование

Скопје, 26 февруари 2020 (МИА) – До 30 сетпември минатата година во установите за згрижување и воспитание на деца – детски градинки/центри за ран детски развој биле згрижени 38.094 деца, што претставува зголемување за 1,3 отсто однос на 2018 година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Со годишните извештаи во 2019 и 2018 година се опфатени по 103 установи за згрижување и воспитание на деца.

Овие установи им обезбедуваат здравствена заштита, исхрана и дневен престој на децата, во согласност со нивните развојни потреби, на возраст до шест години, во повеќе групи – групи деца во развоен период до две години, групи деца во развоен период од две години до тргнување на училиште, комбинирани групи, групи деца со пречки во развојот, како и групи деца во центар за ран детски развој во состав на детска градинка

Во овие установи има и групи за пилот-програми, групи за вонинституционална форма на активност и други групи за престој и исхрана.

Од вкупниот број деца во ваков тип установи, најголем дел или 36.313 деца се згрижени во 68 државни детски градинки, а 977 деца се згрижени во 24 приватни детски градинки. сст/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Таравари: Има информации за мала концентрација формалдехид во салите, но, официјално сѐ уште немаме ништо добиено

Затвореник од Идризово излегол на викенд и се обидел да ограби спортска обложувачница во Центар

Митева: Лотарија на две фирми, едната од Струмица, другата од Скопје незаконски им доделила лиценци за игри на среќа