Утрински Весник
Македонија

Невенка Стаменковска ја најави кампањата „За фер избори пријави притисок“

Невенка Стаменковска ја најави кампањата „За фер избори пријави притисок“

Скопје, 26 февруари 2020 (МИА) – Дополнителната заменик министерка во Министерството за информатичко општество и администрација, Невенка Стаменковска Стојковски денеска ја најави кампањата „За фер избори пријави притисок“ со која ги охрабрува вработените во јавниот сектор да пријават секаков вид на заплашување, притисок и поткуп на глас за време на изборите што ќе се одржат на 12 април.

Таа истакна дека вработените во јавниот сектор се слободни граѓани, и како такви треба да го остварат и своето право на глас.

– Довербата од граѓаните кои ми пишуваат секојдневно ќе ја искористам за да помогнам и придонесам за фер изборен процес и во таа насока во следниот период ја најавувам кампањата која ќе ја започнам по општините во земјава, со цел да ја подигнам јавната свест за професионална и деполитизирана администрација која не трпи притисок, заплашување и поткуп, рече дополнителната заменик министерка.

Стаменковска најави и дека од следната недела ќе почне со неколку посети по општините, прво ќе го посети Штип, потоа Крива Паланка, Свети Николе и Битола, и ги повика сите граѓани, институции и вработени во јавниот сектор да се придружат и да ја поддржат оваа кампањата.

– Ги охрабрувам и сите оние кои на било каков начин до сега биле заплашувани, им се вршело каков било притисок од било кој апсект а се вработени во јавната администртација да не поддржат и посетат на настаните, додаде дополнителната заменик министерката. бт/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Наводна порака за помош од убиената Росица од Велес до министерот Тошковски

Министерот за здравство лично им се извинил на вработените во пералната на Клиничкиот центар

Семјеството на Теодора Ристовска реагира: „Кога убиецот шета слободен, целата нација е жртва“