Утрински Весник
Македонија

Ангеловска: Наплатата на даноци и придонеси подобрена за 10,7 отсто во јануари во однос на лани

Ангеловска: Наплатата на даноци и придонеси подобрена за 10,7 отсто во јануари во однос на лани

Свети Николе, 26 февруари 2020 (МИА) – Буџетот е ликвиден, а во јануари наплатата на даноците е подобра за 10,7 отсто во однос на истиот период лани или повисока за 23 милиони евра, изјави министерката за финансии Нина Ангеловска одговарајќи на новинарско прашање за време на работната посета во Свети Николе.

– Буџетот е ликвиден, одлична е реализацијата на буџетот во месец јануари. Имаме зголемување на даноците и придонесите за 10,7 отсто во јануари во споредба со истиот период минатата година, имаме раст на придонесите од 19 отсто, раст на наплатата на ДДВ од 6,2 отсто, на акцизите, што покажува одлична реализација и дека економијата е стабилна. Исто така и реализацијата на расходната страна е добра, се работи за солиден почеток и се надевам дека и во следниот период, и покрај тоа што е предизборен период, дека  позитивните ефекти, како членството во НАТО ќе преовладаат и дека економијата ќе продолжи да се движи во позитивна насока и во следниот период, рече Ангеловска.

Министерката за финании во рамки на работната посета на Општината оствари средба со бизнис заедницата и посети инвестиција преку Проектот за подобрување на општински услуги – Градскиот пазар, заедно со евроамбасадорот Самуел Жбогар и градоначалникот на Свети Николе, Сашо Василевски. скс/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Скопје никако да се спаси од загадувањето, повторно во топ 10 најзагадени градови во светот!

Д-р Јовановски на подкаст ЗРАК: Има различни методи на реконструкција по мастектомија

Кузмановска: Хема – Онко нуди поддршка за лицата заболени од канцер