Утрински Весник
Македонија

Деветолетката во Ростуше ќе го носи името на Хајан Селмани

Деветолетката во Ростуше ќе го носи името на Хајан Селмани

Дебар, 26 февруари 2020 (МИА) – Основното општинско училиште во Ростуше, ќе го носи името на Хајан Селмани, кој важеше за еден од најпрогресивните македонски претприемачи, говорник, филантроп, учесник во многу акции, човек кој понудил извозни решенија во ИТ секторот.

По одлуката на Советот на општина Маврово и Ростуше донесена во октомври, по ненадејната смрт на младиот Селмани, добиена е согласност и од Министертвото за образование.

-Советот на општина Маврово и Ростуше по предлог на советот на родители и училишниот одбор донесе одлука за промена на името од ООУ„Ѓорѓи Пулески“ во ООУ „Хајан Селмани“. Добивме и решение од Министертвото за образование за давање согласност на статутот на училиштето. Ова е најмалку што можеме да направиме за еден од најуспешните наши ученици,кој за жал почина многу млад,изјави за МИА, Адем Сулејманоски,директор на училиштето.

Хајан Селмани е роден во долнореканското село Велебрдо во ноември 1985 година, а ненадејно почина во Скопје во септември 2019 година.

Основно образоване завршил во деветолетката во Ростуше а средно економско во Гостивар. Високо образование стекнал од областа на информатиката на Универзитетот на Југоисточна Европа, каде што дипломирал во 2008 и магистрирал во 2010 година. Во 2011 година првпат се здоби со едно од најпретстижните признанија во светот на програмерите и софтвер-инженерите, Microsoft MVP. Таа годна Селмани беше прв и единствен добитник на оваа награда во веб-технологии во Македонија, а тогаш беше дел од тимот на Сеавус.

Во март 2013 година го основал претпријатието за изработка и инженерство на програмска опрема „Хаселт“, една од најуспешните компании во ИТ секторот во Македонија,која 98 проценти работи на странските пазари.

Хајан Селмани држеше мотивациски говори не само во Македонија туку и низ светот, а за време на својата кариера пред публика се има обратено повеќе од 400 пати. вт/цр

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Сушниот и топол период продолжува во Македонија, постои опасност од појава на нови шумски пожари

Со полициски хеликоптер пренесен македонски државјанин кој беше на лекување во Виена 

Мицкоски, Мисајловски и Агелер во посета на касарната „Јане Сандански“ – Штип