Утрински Весник
Македонија

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 26 февруари 2020 (МИА)На 25.02.2020 во 19.45 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул. „Варшавска“, го лишиле од слобода О.Д. (27) од Косово затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 25.02.2020 во 21.20 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул. „Сливовска“ ги лишиле од слобода М.Ј. (25), П.К. (22) и В.Н. (36), сите од Скопје, затоа што при извршен преглед кај нив била пронајдена марихуана.

По документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

На 25.02.2020 во 16.40 часот, полициски службеници од СВР Скопје во Градскиот парк го лишиле од слобода И.П. (28) од Скопје затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана.

По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 25.02.2020 во 13.00 часот било пријавено дека во село Арачиново, скопско, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „ауди а4“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.С. (43) од Арачиново и мотоцикл „јамаха“ без регистарски ознаки, управуван од Х.Б. (22) од село Арачиново.

Во незгодата, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди по што бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ каде починал. Сопатникот на мотоциклот, А.С.(26) од село Арачиново, исто така, се здобил со тешки телесни повреди по што бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје. сст/

 

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

„Велибор Манев рече дека тука има закопано човек, на едно место покриено со гранки“, сведочат полицајци

Каранфилова-Пановска: Ќе бидам верен соработник во креирањето и спроведувањето на новите политики за промени на СДСМ

Обвинителство: Има материјални докази дека Палчо е сторител на двојното убиство