Утрински Весник
Спорт

Ноер се искачи на 4. место по број на одиграни натпреварите во ЛШ

Нојер: Проблемот за Баерн е во тоа што за да победи треба да постигне три гола

Лондон, 26 февруари 2020 (МИА) – Голманот на Баерн Минхен, Мануел Ноер бранеше синоќа на првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите со Челзи. Германецот го одигра 107. натпревар во елитното натпреварување и се искачи на 4. место по број на настапи во историјата меѓу голманите. Тој го помина Виктор Валдес (поранешен голман на Барселона), кој остана на 106 натпревари.

Рекордер во оваа статистичка категорија е Икер Касиљас (Порто, Реал Мадрид) со 177 настапи.

Во ТОП 3 се уште и: голманот на Јувентус, Џанлуиџи Буфон со 123 натпревари и Петр Чех (поранешен член на Челзи) со 111 настапи. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Македонските фудбалерки до 19 години ќе играат квалификациски турнир во Португалија

Верстапен: Во Мекларен ќе станев шампион многу порано

Младост 96 есенски шампион во пингпонгарската Суперлига