Утрински Весник
Македонија

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски по налог од Будимпешта маршираат за неправда

СДСМ: Техничкиот министер Чулев за себепромоција и лажен успех загрози меѓународна операција, а од друга страна граѓаните се уште се без патни исправи

Скопје, 25 февруари 2020

Исплашени од одговорност, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски по налог од Будимпешта маршираат за неправда

Очигледна е ескалацијата на стравот и паниката од одговорност во ВМРО-ДПМНЕ. Од белиот дворец, симболот на корупцијата денеска уште еднаш потврдија дека ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски, извршителот на Груевски остануваат во истата режимска матрица, чија единствена грижа е заштита на криминалот, заштита на криминалците и некаков очајнички обид за спас со протест за неправда.

Откако не им успеа обидот преку блокади, закани и уцени во Собранието да го закочат процесот на носење на Законот за Јавно обвинителство, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ сега ќе протестираат против правдата, против одговорноста, против независното судство.

Налогот на шефот Груевски стигна од Будимпешта, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ тргнуваат на марш за неправда.

Мицкоски, Груевски и ВМРО-ДПМНЕ не можат да се борат за правда. Не можат да носат правда тие кои носат неправда, тие кои се бегалци од правдата, тие кои се заглавени во криминал и корупција.

Борбата за амнестија на нивниот криминал не може да биде и не е борба за правда, а стечајниот управник Мицкоски нуди само правда во стечај.

Ќе има одговорност за сите криминали и незаконски постапки. Сите ќе одговараат пред правдата и Мицкоски не може ништо да стори околу тоа.

СДСМ како одговорна и демократска партија преку Законот за јавно обвинителство овозможува ослободување на правосудството и создава услови за независно и професионално постапување на судиите и обвинителите.

Граѓаните го гледаат тоа и на 12 април ќе порачаат – режим никогаш повеќе!


СДСМ – Центар за комуникации со јавноста

_________________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Д-р Јовановски на подкаст ЗРАК: Има различни методи на реконструкција по мастектомија

Кузмановска: Хема – Онко нуди поддршка за лицата заболени од канцер

(Видео) Започнува нова епизода на подкастот Зрак со д-р Марина