Утрински Весник
Сцена
300x250 opst2

„Дивље јагоде“ со новиот албум на медиумска промоција во Скопје

„Дивље јагоде“ со новиот албум на медиумска промоција во Скопје
300x250 opst2

Скопје, 25 февруари 2020 (/) – Основачот на групата „Дивље јагоде“, Зеле Липовача, утре ќе има средба со новинарите, пријателите и нивните фанови во „Avalon Music & Ticket Store“ во Скопје, каде ќе го промовира и нивниот нов албум „Jukebox“.

-Сè што сонував како момче и тоа што требаше да биде неисполнета бајка стана реалност. Значи, чуда се можни! По 40 и кусур години, албумот „Jukebox“ не е големо, но тој е секако мало чудо, соопшти Липовача, по повод новиот албум.

Албумот „Jukebox“, како што се наведува во соопштение, е симбол на нивните почетоци, пролазноста на времето, но и порака дека никогаш нема да ги заборават своите стари хитови и членови.

Со албумот, пејачот Тони Јанковиќ станува полноправен член на групата, а тој е дел и од насловната песна „Jukebox“. Музиката и аранжманот ги потпишува основачот и гитарист на „Дивље јагоде“ – Зеле Липовача, а текстот го пишувал хитмејкерот Ненад Нинчевиќ.

-Концептот на овој албум е значително различен од сите претходни, а идејата за ваков проект потекнува од лојалните фанови на бендот. Сходно на тоа, на албумот „Дивље јагоде“ им беа домаќини на поранешните членови: Тони Јанковиќ, Младен Војичиќ Тифа, Санин Кариќ, Жанил Татај Жак, Ненад Бориќ и Един Шеховиќ Шеха, кои заедно со „Дивље јагоде“ слават 40 години постоење на овој неверојатен состав, информираат организаторите.

Со новиот албум, објавен е видео-спот за песната „Jukebox“, во кој „Јагоде“ евоцираат стари спомени и се присетуваат на повеќе од 40 години успешна кариера. Тие спотот му го посветија на Мустафа Исмаиловски – Муц, клавијатурист во оригиналната постава, но и на нивната публиката.бт/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Рајан Рејнолдс и Блејк Лајвли донираа 200.000 долари за жените староседелки во Канада

Доктор Дре се разведува по 24 години брак

Риз Видерспун поласкана од споредбата со помлада пејачка