Утрински Весник
Економија

Исплатени субвенциите за обработлива површина до еден хектар

Конче го заокружува процесот на окрупнување на земјоделското земјиште

Скопје, 25 февруари 2020 (МИА) – Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој на сметките на 1.447 лица исплати 11,3 милиони денари. Парите ги добија фармери кои имаат мали земјоделски стопанства со големина од 0,2 до еден хектар.

Според директорот на Агенцијата, Николче Бабовски, финасиската поддршка за производен капацитет од 0,2 до 0,5 хектари изнесува 6.000 денари, додека за производни капацитети од 0,5 до еден хектар, поддршката е 12.000 денари.

Изминатиот период, Агенцијата ги исплати субвенциите за полједелците, градинарите, лозарите и овоштарите, одгледувачите на овци и говеда.

-Ќе продолжиме со редовна исплата на субвенциите за сите што законски стекнале право за користење финансиска поддршка. Праксата за навремена и неселективна реализација на субвенциите продолжува. Парите се префрлаат во период кога на земјоделците им се најпотребни, пред почеток на новата реколта, наведува Платежната агенциа и додава дека оваа Влада од почетокот на мандатот до денеска, исплати околу 381,6 милиони евра финансиска поддршка за развој на агро секторот. мч/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Речиси 80 отсто од потрошувачката на струја во март е обезбедена од домашно производство

Битиќи: Се извинувам што ја вознемирувам министерката додека е на патување, денес избега, но ја очекувам во четврток во Собранието