Утрински Весник
Македонија

Усни опомени до кавадарчани кои за огрев користат дрва од четинари

Усни опомени до кавадарчани кои за огрев користат дрва од четинари

Кавадарци, 24 февруари 2020 (МИА) – Усни опомени се изрекуваат до кавадарчани кои се греат горејќи црн и бел бор, затоа што станува збор за видови дрва кои содржат повеќе смола и загадуваат повеќе од вообичаените штво се користат за огрев, за МИА ја потврди Доне Илов, овластен инспектор за животна средина при Општина Кавадарци.

-Тоа што можеме да го направиме, е да ги опомениме. Бидејќи, сепак, четинарските или иглолисни видови дрва, се дозволени за огрев. Им укажуваме на штетноста за воздухот, кога се горат, бидејќи тие загадуваат повеќе од дабот или буката на пример, нагласи Илов.

Поединците кои на ваков начин обезбедувале греење оваа зима, вообичаено се правдале дека немаат друга алтернатива и мораат да горат бел и црн бор, за да се загреат.

Освен за огрев, вакви дрва во најлозарскиот дел на државата, според кавадарчани, се користат и при печење ракија.

Илов, исто така, упати апел доколку може да се користат претежно суви дрва за греење, бидејќи зелените повеќе загадуваат. свд/вг/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Давкова ќе ги додели наградите за иновација, лидерство и влијание во ИТ екосистемот „Women in Tech® Macedonia Awards”

Битиќи ја прозва министерката за финансии: „Фејсбук не е место за правдање на долгови“

ВЛЕН: Зошто ДУИ ја брани урбаната мафија во Тетово? Кому му пречи развојот на Тетово?