Перм, 23 февруари 2020 (МИА) – Во однос на мечот со Италија на списокот на рускиот селектор има двајца нови кошаркари. Базаревич за денешниот меч со македонската репрезентација во последен момент дојде до Американецот со руски пасош, Џоел Боломбој, кој настапува за московска ЦСКА.
Сега на неговиот список има двајца нови кошаркари: Владислав Трушкин и Џоел Боломбој кои се меѓу 12-те што ќе излезат на паркетот на „Молот“ арената во Перм.
Освен двајцата новаци, во конкуренција за средбата со „црвено-жолтите“ се уште и: Евгениј Бабурин, Григориј Мотовилов, Виталиј Фридзон, Владимир Ивлев, Максим Григорјев, Иван Стребков, Станислав Илницкиј, Дмитриј Кулагин, Евгениј Валиев и Павел Антипов.
Натпреварот се игра денес од 16 часот по македонско време. зс/