Утрински Весник
Македонија

Јанушев од Крива Паланка: Стопанствениците очекуваат значителна помош и придонес од новата влада која ќе биде предводена од ВМРО-ДПМНЕ

Јанушев од Крива Паланка: Стопанствениците очекуваат значителна помош и придонес од новата влада која ќе биде предводена од ВМРО-ДПМНЕ

Скопје, 21 февруари 2020

Продолжуваме со посетите низ Република Македонија. Денес сме во Крива Паланка, остваривме средба со неколку стопанственици, ги посетивме нивните фабрики односно производствени капацитети. Имаме средби со неколку целни групи и секако денот ќе заврши со внатре партиски состаноци.

Она што е видливо и она што го гледаме веќе неколку месеци низ целата држава е видливо овде во Крива Паланка. Луѓето се иселуваат со надеж за подобар живот, луѓето кои што ги среќаваме на улица се жалат за буквално лошото секојдневието кое што го имаат и не квалитетот на живот.

Во фирмите со коишто ги посетивме и со луѓето со коишто разговаравме очекуваат од новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, кое што ќе следува после изборите на 12-ти април значителна помош и значителен придонес за стопанството.

Знаете веќе дека излеговме со повеќе конкретни мерки во однос на стопанството и економијата, преку враќање на рамниот данок и негово намалување, намалување на невработеноста на помалку од 10% во четири годишниот мандат но и она што секако е од особена важност за Крива Паланка и за целиот овој регион е најавата за изградба на новиот експресен пат Куманово-Паланка.

Продолжуваме во следниот период со промоција на следните мерки од нашата програма кои што секако ќе бидат насочени кон граѓаните и ќе значат конечно ставање на крај на разнебитувањето на нашата држава од страна на оваа криминално рекетарска влада предводена од Заев.

12-ти е блиску 12-ти доаѓа за 50-тина дена и конечно почнува обновата на Република Македонија.

Игор Јанушев – Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ

________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Кај село Миравци пронајдена удавена жена

Полицијата ќе ја проверува работата на „Државна лотарија“

Камбовски: Невозможно е да постојат две национални академии во една држава