Утрински Весник
Македонија

Две манифестации од Ресен содржани во националната програма за култура

Две манифестации од Ресен содржани во националната програма за култура
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Ресен, 20 февруари 2020 (МИА) – Асоцијацијата за фолклор „Преспански славеј“ и Здружението „Езеро без граници“ добија поддршка и финансиски средства за реализација на две посебни културни манифестации кои се опфатени во националната програма за култура на Министерството за култура.

За добро аргументирани проекти, конципирани со квалитетни уметнички содржини и проекти преку кои се негуваат и поттикнуваат културниот диверзитет, уметничкото творештво и културниот развој, оценети и поддржани се манифестациите „На брановите на серенадата“ и Интернационален театарски фестивал „Актерот на Европа“.

Согласно одлуката на Министерството за култура, Асоцијацијата за фолклор „Преспански славеј“ од ресенското село Наколец за манифестацијата „На брановите на серенадата“ ќе добие 250.000 денари, а исто толку средства доделени се и за здружението „Езеро без граници“ од Отешево кое годинава ќе го организира 18. издание на Интернационалниот театарски фестивал „Актерот на Европа“.

Како што е познато, минатата година фестивалот „Актерот на Европа“ предизвика голем интерес со програмските содржини, а најголем дел од нив се одржаа на брегот на Преспанско Езеро. мт/рп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Мицкоски: Лага е дека има договор за мигранти, граѓаните да бидат спокојни

Потпишан Меморандум за разбирање со Универзитетот „Мајка Тереза“ 

Муамет Хоџа официјално ја презеде функцијата министер за животна средина и просторно планирање