Утрински Весник
Македонија

Оштетени наплатните рампи на паркиралиштето во центарот на Охрид

Оштетени наплатните рампи на паркиралиштето во центарот на Охрид
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Охрид, 20 февруари 2020 (МИА) – Во сообраќајна незгода чии причини се непознати ноќеска целосно се уништени апаратите за електронска контрола на излез од паркиралиштето во премиум зоната кај кружниот тек во центарот на Охрид.

Од непознати причини возач изгубил контрола врз возилото и целосно ги откорнал од постаментите апаратот за детектирање на картичките за минување низ тој дел од градот и оние за платено паркирање, како и рампата за излез од паркиралиштето кај Градскиот плоштад на пристаништето во Охрид.

За кратко време се очекува да биде откриена причината за несреќата со оглед на тоа што просторот целосно е покриен со камери за видео-надзор.

Претходно, во неколку наврати намерно беа оштетувани апаратите за наплата и рампите во градот. Граѓаните на Охрид се со поделени мислења по однос на овој начин на уредување на сообраќајот и паркирање во градот. Најмногу забелешки имаат граѓаните во стариот дел на градот, кои мора да поминат низ рампите за влегување и излегување од дома. аб/бак/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Минусни температури утрово на Попова Шапка, во Маврови Анови и Крушево

Променливо облачно, дожд и снег во југозападните делови од државата

Сообраќајот се одвива непречено, намалена видливост на планинскиот превој Ѓавато и во Крушево