Утрински Весник
Македонија

Ахмети и Бајрами ќе сведочат за „Монструм”, Османи уште не потврдил

Ахмети и Бајрами ќе сведочат за „Монструм”, Османи уште не потврдил

Скопје, 19 февруари 2020 (МИА) – Претседателот на ДУИ, Али Ахмети и обвинителот Џелал Бајрами, ќе сведочат на следното рочиште за случајот „Монструм”, кое е закажано на 21 февруари (во петок).

Адвокатот на дел од обвинетите во овој предмет Асмир Алиспахич, за МИА ја потврди веста дека Ахмети и Бајрами ќе сведочат, но дополни дека сведочењето на вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, сè уште не е потврдено заради службено патување.

На денешното рочиште за петкратното убиство во Смилковското Езеро, на 12 април 2012 година, сведочеа поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и тогашниот директор на Бирото за Јавна Безбедност, Љупчо Тодоровски, познат по прекарот Радник. За овој случај треба да сведочи и Синиша Алексовски, советникот за безбедност во кабинетот на поранешниот претседател Ѓорге Иванов. Тој исказ во судот треба да даде на 27 февруари. оџ/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Власта ја елиминираше Ристовска за да стави обвинител под контрола на Мицкоски, велат од СДСМ

Министерството за енергетика со нов повик за субвенционирање клима уреди

Хорор во Скопје: ја нападнал сопругата и ја избркал од дома, децата ги заклучил во тоалетот